На осми мај референдум за Македонија

Ковачевски попушти, осми мај е денот кога Македонија ќе оди на претседателски и парламентарни избори, официјализирање на датумот во текот на следниот месец. Целосно омекна цврстиот став на премиерот Димитар Ковачевски, дека двата изборни циклуси ќе се одржат во различен термин. Откако дури и коалициониот партнер ДУИ, порачаа дека се за заеднички избори, ставот мораше да го промени и лидерот на СДСМ. Во декември ќе имало лидерска во Собранието, каде ќе бил официјализиран датумот за избори, во мај наредната година.

Декември нуди можност да се организира средба во Собранието со парламентарните партии, на која ќе ги дефинираме сите детали за одржувањето на изборите, одговори премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Вабтек МЗТ“ АД Скопје на прашањето дали се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година.

„Се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година. Во мај има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Во однос на техничката влада, таа е законска обврска. На 100 дена пред одржување на изборите, во согласност со Законот за Владата, кој е важечки во државата, има техничка влада“, рече Ковачевски.

Тој не прецизира дали со ДУИ ќе настапат со заеднички листи на изборите.

„Тоа е одлука на партиите и предмет на коалициски договори и во моментот за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме“, додаде премиерот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.