дома блог страница 1021

Maкедонија против Франција ќе игра пред 50.000 публика на Европското првенство во ракомет

На нешто помалку од четири месеци до почетокот на Европското ракометно првенство, организаторите објавија дека овој турнир ќе биде убедливо најпосетениот во историјата.

Германија можеби најдобрата земја за домаќинство на еден континентален собир, најмногу поради одличната инфраструктура, големите сали и стадиони, а од организацијата најавија дека веќе е срушен првиот рекорд, иако првенството не ни започнало.

Токму македонската репрезентација ќе ја има честа да настапи на премиерниот натпревар, кога на „Меркур-Шпил Арена“ во Дизелдорф, ќе се соочиме со силната Франција.

Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајнтер, изрази големо задоволство од интересот и официјално соопшти дека повеќе нема билети за првиот натпреварувачки ден од првенството. Франција ќе биде голем фаворит против Македонија, но нашата репрезентација ќе има историска можност да заигра на отворен стадион, пред 50.000 ракометни фанови.

Организаторите велат дека сѐ уште има многу билети за останатите мечеви, но првиот ден е комплетно распродаден и се најавува спектакл на отворањето на туринирот. Македонија и Франција ќе се сретнат на 10 јануари во 18:00 часот, а домашната Германија ќе игра против Швајцарија, со почеток во 20:45 часот.

Нашите ракометари се во тешка група со Германија, Франција и Швајцарија, но надежите за позитивни резултати секогаш постојат. Се очекува и големо присуство на „фалангата“, која сигурно ќе им даде огромна поддршка на нашите репрезентативци. Европското првенство во ракомет започнува на 10 јануари, а натпреварот за златниот медал е закажан за осумнаесет дена подоцна.

Николоски: Нема амнестија, ќе има одговорност! Има начин!

Минатата недела се случи еден од најголемите срамови коишто правото и правосудството ги видело во Македонија. На шверцерски начин протнувајќи го Кривичниот законик со европско знаменце, со цел ВМРО ДПМНЕ да не може да поднесе илјадници амандмани и на тој начин да го блокира носењето се вршат измени во два клучни члена, едниот е членот 353 којшто се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување и вториот е членот 394 којшто се однесува на злосторничко здружување. Тоа се двата члена по којшто се гонат сите којшто вршат злоупотреба на службена положба и овластување, односно да бидам подиректен сите оние коишто своите извршни функции ги користат за криминал. Тоа се двата клучни члена за да се гони било кој функционер. Затоа што на пример за злосторничко здружување многу јасно пишува во законот кој помина дека се прави измена со којашто зборовите “до 10 години” се заменува со “до 3 години” што значи дека застареност настапува за 6 години. Да преведам, кривични дела коишто на пример Зоран Заев ги направил во 2017 година како Премиер заедно со двајца министри и тројца директори потенцијално, и така се формира злосторничко здружение веќе во моментов се застарени, пишува во колумна за „Фокус“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Владата којашто дојде на чело на Македонија со паролата “нема правда нема мир” ја убива правдата во Македонија со застарување на кривични дела. Владини коалициони партнери коишто предлагаа измени на Уставот со цел да немало застарување на кривичните дела за криминал и корупција сега гласаа измени на кривичен законик со којшто ќе се овозможува застарување на кривични дела за криминал и корупција. Надежта на актуелната власт е дека в година ќе се случат избори коишто ќе се случат максимално подоцна колку што можат и на тие избори знаат дека ќе изгубат, надежта им е кривичните дела да застарат затоа што гледаат како да стигнат до застареност од 6 односно 10 години зависи за кое кривично дело се работи, така што калкулираат колку долго биле на власт, кои биле на власт со цел да застарат делата во иднина.

Јасна е целта, знае власта на СДСМ и ДУИ дека ги пакува куферите и се обидуваат да си изгласаат амнестија за себе, но да им кажам правдата ќе ги стигне сите! Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ќе ги гони, ќе се најде правен начин како да се гонат. Нека не се надеваат дека поблагиот закон ќе можат да го користат и дека ќе може да се повикуваат на застареност. Ќе се најдат начини како да се гонат. Не се само два члена во кривичниот законик, не е само злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување си има и други членови по коишто ќе им се најде начин да се гонат. Знам дека ова звучи како закана, но мора на крај и закани да испраќаме затоа што е јасно дека се оди на амнестија. Најдобар доказ дека се работи за закон којшто е безобразен и којшто значи амнестија за криминал е што Министерот за правда не го потпишал, а пратениците на неговата партија не го гласаа. Министерот знаел што има во законот и не сакал да го потпише и не беше присутен во Собранието да го брани истиот овој закон, затоа што ова е закон што не се брани.

Самото тоа што законот се предлага со европско знаменце и се закажува комисија во 18 часот попладне во денови кога број 1 скандал и случај во Македонија е случајот со Онкологија со цел да не се пренесе ова во јавност покажува дека намерите овдека не се чесни односно дека намерите се амнестија за криминал . Но тоа следната Влада на ВМРО ДПМНЕ нема да го дозволи. Одворност ќе има, казни и правда ќе има!, пишува Николоски во својата колумна.

Македонија протера тројца руски дипломати

На 12ти септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata), известија од Министерството за надворешни работи преку писмено соопштение испратено до медиумите.

-Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, појаснија од ресорното министерство.

На ова реагираше и Русија преку портпаролката Марија Захарова, која рече дека протерувањето на руските дипломати од Македонија немало да помине без одговор.

Попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според прогнозата на УХМР, и во недела времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

-Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Срамота, зарем на нив најдовте да кратите? Државата им го укина додатокот од 100 евра на дел од децата со Даунов синдром

121385602
121385602

Дел од децата со Даунов синдром го загубија додатокот од државата од 6 илјади денари затоа што биле прегледувани од Комисијата за проценка за развојот кај децата со посебни потреби која заклучила дека имаат добра функционалност. Додатокот им е укинат од државата со новиот Правилник донесен од Министерството за труд и социјална работа (МТСП), кој излегол во Службен весник.

Родителите низ изјави во медиумите велат дека одбиени за посебен додаток се дел од лицата со Даунов синдром, и тоа најмалите, бидејќи не сакаат да им дијагностицираат степен на попреченост на деца под 6 години, а одбиваат да утврдат комбиниран тип на попреченост. Меѓу одбиените се и некои деца од над 6 години.

Повеќе медиуми веќе објавија сведоштва на родители од кои е евидентно дека МКФ ги одбива за посебен додаток дел од лицата со Даунов синдром, и тоа најмалите, бидејќи не сакаат да им дијагностицираат степен на попреченост на деца под 6 години, а одбиваат да утврдат комбиниран тип на попреченост, одбиени се и некои деца над 6 години.

После многу години пристигна првиот товарен воз од Солун во Скопје (ВИДЕО)

Во време кога се одбележувуа една година од железничката врска меѓу Солун и Ниш, капетанијата на грчкото пристаниште најави нова контејнерска блок-возна линија помеѓу Солун и Скопје кон крајот на август.

Според соопштението, солунската капетанија ги проширува своите активности во двата града, зголемувајќи го своето присуство во секторот на интермодални услуги и обезбедувајќи им на потрошувачите сигурни, ефикасни и еколошки одговорни транспортни решенија.

Ова е стратешка одлука наменета за подобрување на поврзаноста на Солунското пристаниште со нациите од поширокиот простор на Балканот и Југоисточна Европа, се вели во соопштението на грчкото пристаниште.

За прв пат денеска после долги години во Скопје, пристигна првиот воз во „Блу Бел”, едно од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција во Македонија.

„Блу Бел Складиште“ е релативно нов логистички центар во Скопје, воедно и единствениот контејнерски терминал во границите на Македонија кое располага со површина од 41.332 м2, железничка пруга од 799 метри и капацитет за сместување на 915 TEU контејнери.

Општина Прилеп откри откаде доаѓала непријатната миризба што ги труеше граѓаните

На ден 11.09.2023 до Општина Прилеп се доставени 2 барања едно од жители на Чачорица и едно од УЗ Сточен Пазар по што се направени увиди од страна на раководител на сектор инспекторат и двајца инспектори на потегот на ул. ,,Александар Македонски“ каде работат повеќе правни субјекти при што е забелажана појава на непријатна миризба само од кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври – информираат од општина Прилеп за случајот со непријатната миризба која подолг период ја чувствуваа голем број од граѓаните.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

Во кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври ТППЕ Прилеп по пријави за запален пожар во периодот од 26.08.-14.09.2023 г интервенирала 12 пати со 15 пп возила и 35 пожарникари.
Во текот на вчерашниот ден по забележана појава на чад извршено е гаснење на опожарената површина со вода и прашкаст материјал по што чадењето престана и немаше повеќе напријатна миризба.

Во утринските часови денес е направен повторен надзор на потегот на ул.,,Александар Македонски“ и во кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври при што не е забележана непријатна миризба и утврдено е дека повеќе нема појава на чад и непријатна миризба на местото каде што претходниот ден интервенираше ПП единица.

Во соработка со самостоен инспектор на НККР Прилеп ЕК и крим техника земени си примероци од местото на опожарената површина и истите ќе бидат дадени на анализа.

Откако ќе се добијат резултатите од овие испитувања ќе се утврди какви материи гореле и што било причината за непријатната миризба.

Момироски: “Цакио и европската трибина на СДСМ вечер на камена бина”

Во редовната колумна на порталот од “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски меѓудругото пишува и за владината трибина од караванот “Ние сме Европа”, која вечерва треба да се одржи на Камената бина во Прилеп.

-ВЕЧЕРВА ВЛАДИНИОТ КАРАВАН: ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРИЛЕП КАЈ КАМЕНАТА БИНА. ГЛАВНИВЕ ОД СКОПЈЕ РЕКЛЕ ДА НЕ СЕ СТРАМИМЕ ПРЕД ФРАНСУСКИОТ АМБАСАДОР ВО РСМ ТРИБИНАТА ДА БИДЕ ОРГАНИЗИРАНА НА ЕВРОПСКО НИВО. ТОА ПАК БИЛО ПРИЧИНА ПРИЛЕПСКИОТ ВРВ НА СДСМ НА ЧЕЛО СО ЦАКИО ДА ДОНЕСАТ ГОЛЕМА И СУДБОНОСНА ОДЛУКА И ПО ПОВЕЌЕ МЕСЕЦИ КОНЕЧНО ДА ГИ ОТВОРАТ ПАРТИСКИТЕ ПРОСТОРИИ. НЕЗНАМ ДАЛИ НА ТИЕ ШТО БИЛЕ НА ПРВИОТ СОСТАНОК ИМ БИЛО НАРЕДЕНО ПРЕД ОД ДОМА ДА ДОНЕСАТ МЕТЛИ И КРПИ ЗА ДА ГИ ЗАЧИСТАТ ПРОСТОРИИТЕ КОЕ ОД ПРАШИНА, КОЕ ОД ПАЈАЖИНА, АМА ТАМУ ТИ БИЛЕ СИТЕ, ПА И ДИРЕКТОРИТЕ И РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА ПОДРАЧНИТЕ ЕДИНИЦИ. НАЈГОЛЕМА МАСОВНОСТ СЕ БАРА ОД ОВИЕ КОИ ИМААТ ПО НЕКОЈА ФУНКЦИЈА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ СЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ. АМА И ОД СОСЕДНИТЕ ОПШТИНИ И ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА. ДЕН ПО ПРВИОТ, НА ВТОРИОТ СОСТАНОК АКЦЕНТОТ БИЛ СТАВЕН НА ТОА КАКО ДА СЕ ДОВЛЕЧКААТ ЛУЃЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА. БИДЕЈЌИ ЕУ ФОНДОВИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И СЕЛОТО ИМААТ КЛУЧНА УЛОГА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ. ЗА ДА НЕ БИДАТ РАЗОЧАРАНИ ОД ПРИСУТНОСТ, ОВИЕ ОД СКОПЈЕ, А ДА БИДЕ ОТСТРАМЕН ЦАКИО КАКО КООРДИНАТОР НА МЕСНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ РАБОТИТЕ ГИ ЗЕЛ ВО СВОИ РАЦЕ ПУЛЕНИКО НА ЕКИПАТА ОД ЦАКИО, ПИЛИЧЕВ. ИНАКУ ПО КАРАКТЕР И ПО ДОМАШНА ВОКАЦИЈА ЧОВЕК СО ГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ АМБИЦИИ И ЖЕЛБИ. НАДЕЖТА Е ДЕКА ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОБВРСКИТЕ ЗА ОВАА ТРИБИНА КАТАНЦИТЕ НЕМА ДОЛГО ДА СТОЈАТ НА ВРАТИТЕ ОД ОО НА СДСМ БИДЕЈЌИ ПРЕТСТОЈАТ НОВИ ПОГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ АНГАЖИРАЊА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, А ИСТОВРЕМЕНО НЕМА НАПРАЗНО ДА ЧУКААТ НА ЗАТВОРЕНИТЕ ВРАТИ И ОБИЧНИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ БАРААТ И САКААТ ЗАВЕРКИ НА ПАРТИСКИТЕ КНИШКИ. А УШТЕ ПОМАЛКУ ДА ОДАТ ПО КАФИЧИТЕ И КАФЕАНИТЕ КАДЕ ШТО СЕ СОБИРААТ ЧЕЛНИЦИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА И ГИ РЕШАВААТ СУДБИНИТЕ НА ЛУЃЕТО – пишува новинарот Момироски.

По Prilep Outlet Weekend ни доаѓа есенски панаѓур

По Prilep Outlet Weekend кој се одржа последниот викенд од август, сега ни следува есенски панаѓур.

Ќе се одржи од 6-8 октомври, а локацијата е Градски базен “Маркови Кули”. Епа народе проверете ги новчаниците, па ако не ви се испразнети од скапотијата по маркетите, навалете на шопинг на престојниот есенски панаѓур.

13 ангелчиња во еден ден! 13 причини за среќа! Само во “Плодност” 13-ката е среќен број!

Само во “Плодност” 13-ка е среќен број! Среќната 13-ка денеска изгледа вака: