Холандија ја сменува матрицата: Ќе биде ли “Холандскиот Трамп” нов премиер?

Герт Вилдерс е за излегување на земјата од ЕУ и вети дека ќе го запре цунамито на азилантите

Политички земјотрес ја погоди Холандија после изборите на кои убедлива победа извојува Партијата на слободата (ПВВ) на чело со контроверзниот Герт Вилдерс (60).

Овој десничар и антиисламист е познат по тоа што сака да ја извади земјата од Европската унија, а во кампањата вети дека ќе го спречи „цунамито на барателите на азил“.

Партијата на слободата освои 37 места во парламентот, пред Алијансата на левицата, предводена од поранешниот еврокомесар Франсоа Тимерманс, со 25 места.

На трето место, со 24 мандати, е владејачката Народна партија за слобода и демократија, предводена од лидерот Дилан Јесилгоз-Зегериус, кој го наследи актуелниот премиер Марк Руте, кој ја напушта власта по 13 години.

Холандскиот парламент има 150 места, а на Вилдерс му е потребна поддршка од 76 за да формира влада. Имајќи предвид дека во парламентот влегоа дури 15 партии, од кои дури седум имаат три или помалку мандати, извесно е дека се очекуваат долги и тешки преговори за формирање влада.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.