дома блог страница 1020

Се зголемува бројот на заболени од кopoна виpycoт во Србија

Според медицински извори, лабораториските податоци во Србија покажуваат дека последните две недели е зголемен бројот на дневни тестови за коронавирусот и дека е „малку загрижувачки“ што околу 20 отсто од примероците се позитивни.

Се најавува и состанок на работната група „Ковид“ во текот на следната недела.

Во меѓувреме, Институтот за онкологија и радиологија на Србија од петок повторно ги забрани посетите на таа институција поради зголемениот број на заболени од коронавирусот.

Според официјалните податоци, во Србија во изминатата недела биле тестирани над 7.000 граѓани, од кои 1.500 биле заразени. Во здравствените установи каде граѓаните може да се тестираат, има се повеќе гужви.

Во светот, како и во земјите во регионот воопшто, постои подваријанта наречена „ерис“, која полесно и побрзо се пренесува. Регистриран е и во Србија.

„Евидентиран е во над 57 земји и кај нас, така што очекуваме благ пораст не само на бројот на тестирани, туку и на позитивните“, посочуваат од лабораториите и додаваат дека подваријанта на „пирол“ најверојатно циркулира, но се уште не е откриена.

Сепак, нема причина за загриженост како порано.

„Многу луѓе имаа Ковид, голем број луѓе се вакцинирани. Се надеваме дека наскоро ќе пристигнат нови бустер вакцини кои всушност ќе ја подобрат заштитата дури и од овие нови соеви“, велат лекарите.

За тоа кој треба да се тестира, препораките се да се тестираат само оние кои имаат симптоми на акутни респираторни инфекции, пред се со антигенски тестови.

Симптомите се покачена температура која може но не мора да се појави, кивање, болки во грлото, малаксаност, главоболка, а некои пациенти имаат и дијареа, осип на кожата и течење на носот.

Извор: press24

Тригодиншната Марија ја има пораката на денот

Има три години, но може многу да ве научи. Ова денешната порака на Марија Керпичоска:

Поема за премиерот по примерот на познатите диктатори: “Северна Македонија тој ја води, го следиме патот по кој тој оди”

“Северна Македонија тој ја води, го следиме патот по кој тој оди” – се првите стихови од песната за премиерот Димитар Ковачевски што познатиот лингвист Арменд Нухиу од Тетово ја објави на својот профил на социјалните мрежи, пренесува Курир.

Понатаму песната продолжува: “Европа и САД се пријатели наши, нас Русија не не плаши!”. Последниот стих од песната, пак гласи: “Просперитет и успеси се неговата слика, Северна Македонија од среќа блика!”

Целата песна за премиерот Ковачевски која веројатно еден ден ќе си го најди и своето место во учебниците, ви ја пренесуваме во целост:
Северна Македонија тој ја води,
Го следиме патот по кој тој оди.
Европа и САД се пријатели наши,
Нас Русија не не плаши!
Просперитет и успеси се неговата слика,
Северна Македонија од среќа блика!✊️🤜💪🇲🇰

Apaчиновец ззаврши зад решетки: Се обидел да прегази двајца жители на Аеродром, а потоа излегол од автомобил и со нож ги избодил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, за осомничениот е поведена постапка и за – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 11 септември, осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина управувал автомобил „Ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Во моментот кога оштетените му забележале за опасноста што ја предизвикува, тој завртел со возилото и со голема брзина се упатил кон нив со намера да ги прегази. Тие се тргнале, па осомничениот излегол од автомобилот со нож во раката и на двајцата им нанел по четири убодни рани, предизвикувајќи им повеќе тешки телесни повреди.

Во тој момент се собрала поголема група граѓани кои почнале да викаат и му се спротивставиле на осомничениот со што го спречиле да го доврши кривичното дело, па тој се вратил во неговото возило и веднаш го напуштил местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го доврши обиденото кривичното дело.

Во прекин сообраќајот Битола – Граничен премин Меџитлија, поради сообраќајка

Патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлија е во прекин за сите возила поради случена сообраќајна незгода, информираа од АМСМ.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат дека поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин утре во периодот од 08:00 до 18:00 часот.

Русите го продаваат станот на Зеленски: Во Крим започна одземање на имотите на украинските олигарси

На Крим се одржаа првите осум аукции за продажба на национализираниот имот на украинските олигарси, објави претседателот на Кримскиот парламент Владимир Константинов.

Склучени се купопродажните договори во вредност од над 815 милиони рубљи (околу 8,5 милиони долари), рече тој и додаде дека станува збор за станбени и деловни објекти.

Како што наведе, по аукциите буџетот на Крим треба да се зголеми за околу 27 милиони рубљи.

Претходно, парламентот донесе одлука за национализација на неколку украински олигарси поврзани со “режимот” во Киев.

Меѓу нив се и имотот на најбогатиот Украинец Ринат Ахметов, бизнисменот Игор Коломојски кој неодамна беше уапсен во Киев под обвинение за корупција, поранешниот украински премиер Арсениј Јацењук.

Планирано е на овој начин да се продадат околу 100 згради, меѓу кои и станот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во одморалиштето Ливадија.

Кадиров во кома? Украинските тајни служби тврдат дека чеченскиот лидер е во критична состојба

Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров е во кома, соопшти Украинската тајна служба (ГРУ).

Како што пренесуваат странските и украинските медиуми, претставникот на тајните служби на Киев, Андриј Јусов изјавил дека здравствената состојба на чеченскиот лидер во последните денови значително се влошила.

Како што се наведува, влошувањето на неговата здравствена состојба не е последица на некаква повреда, туку веројатно на веќе постоечки болести.

Беласица пресилна за Победа: Гостувањата слаба страна на црвено-белите

По поразот на гостувањето кај Башкими, црвено-белите од Прилеп доживеаја нов неупех на гостувањето кај Беласица во Струмица.

Домаќините поведоа со голот на Стојанов во 5-та минута, а струмичани заминаа со сигурна предност од 2:0 на полувремето со погодокот на Милушев во 38-та минута.

Во вториот дел Победа немаше сили за изненадување, а Беласица стави крај на натпреварот со погодокот на Мичковски во 82-та минута за 3:0.

Прилепчани сепак успеаја да го ублажат поразот преку Амил Табаковиќ кој прецизно стрелаше во 87-та минута.

Победа се наоѓа на 8-та позиција на табелата со 7 освоени бодови, а местата кои водат во повисок ранг веќе изгледаат далечни, иако одиграни се само 5 кола.

На прилепчани во среда им следува дуел од 16-финалната рунда во Купот на Македонија, а ќе гостуваат во Струга кај Јанг тим.

Во следното коло пак од шампионатот во Втората лига, црвено-белите ќе го пречекаат Новаци.

Изгледа живееме во различни држави: Никој не е посилен од државата, разбиваме криминални групи градени 30 години, вели Спасовски

Министерот Оливер Спасовски во интервју за „Фокус“ запрашан дали МВР има информации за прегрупирање на криминалните групи во освојувањето на наркопазарот, а во врска со последните неколку пресметки во кои беа убиени неформални лидери на криминални банди, потенцираше дека најважната работа е што МВР сериозно се насочи кон криминалните групи и сузбивањето на криминалот во државата.

„Без никакви калкулации и најефикасно работиме во сузбивањето на било која од тие криминални групи што делувале не само сега, туку делувале и биле градени изминатите 30 години по независноста на Македонија и најмногу простор им се даде во делот на функционирањето на режимот. Паднаа во вода кажувањата дека едните или другите групи, не знам – од Грчец, од Арачиново, Сарај, Чаир итн. – не биле процесуирани. Во последните месец дена три најголеми криминални имиња се уапсени и одведени пред лицето на правдата“, рече Спасовски појаснувајќи дека станува збор за три лица поврзани со случајот ‘Планина’, кои беа од кланот Грчец. Тој додаде дека врз основа на сите обезбедени докази, МВР жестоко се бори против криминалните структури, а тоа е задача и на оперативната акција „Безбеден град“ и на сите активности што беа преземани во изминатиот период. „Нема да има пардон за никого и во ниту еден момент“, истакна министерот Спасовски.

За наводните информации дека нарко-групата „Барон“ периодов зема замав и дека уапсените за двојното убиство во „Шиша бар“ се припадници на оваа група, министерот Спасовски објасни дека штом се уапсени – веќе не постои група, таа е разбиена.

„Важно ми е дека секој еден кој смета дека е посилен од државата, длабоко мора да се разочара, затоа што нема посилен од државата – ни криминалец, ни функционер, ни граѓанин, никој не може и не смее да биде посилен од државата“, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Maкедонија против Франција ќе игра пред 50.000 публика на Европското првенство во ракомет

На нешто помалку од четири месеци до почетокот на Европското ракометно првенство, организаторите објавија дека овој турнир ќе биде убедливо најпосетениот во историјата.

Германија можеби најдобрата земја за домаќинство на еден континентален собир, најмногу поради одличната инфраструктура, големите сали и стадиони, а од организацијата најавија дека веќе е срушен првиот рекорд, иако првенството не ни започнало.

Токму македонската репрезентација ќе ја има честа да настапи на премиерниот натпревар, кога на „Меркур-Шпил Арена“ во Дизелдорф, ќе се соочиме со силната Франција.

Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајнтер, изрази големо задоволство од интересот и официјално соопшти дека повеќе нема билети за првиот натпреварувачки ден од првенството. Франција ќе биде голем фаворит против Македонија, но нашата репрезентација ќе има историска можност да заигра на отворен стадион, пред 50.000 ракометни фанови.

Организаторите велат дека сѐ уште има многу билети за останатите мечеви, но првиот ден е комплетно распродаден и се најавува спектакл на отворањето на туринирот. Македонија и Франција ќе се сретнат на 10 јануари во 18:00 часот, а домашната Германија ќе игра против Швајцарија, со почеток во 20:45 часот.

Нашите ракометари се во тешка група со Германија, Франција и Швајцарија, но надежите за позитивни резултати секогаш постојат. Се очекува и големо присуство на „фалангата“, која сигурно ќе им даде огромна поддршка на нашите репрезентативци. Европското првенство во ракомет започнува на 10 јануари, а натпреварот за златниот медал е закажан за осумнаесет дена подоцна.