Јуве и Кавани – ДА ! Го сака Алегри и сака да игра со Дибала

Дали е време да се реализира трансферот кој долго се очекува? Во наредните 3 месеци можно е с, порача братот на Кавани.

14587258257912

Се отвара вратата за трансфер која се чекаше со години. Јувентус и Едисон Кавани? Никогаш не биле толку блиску…. Старата Дама го бркаше Ел Матадор уште кога играше во Наполи, но тогаш беше прескап. Само ПСЖ во тој момент ги имаше потребните 64. 000 000 евра за уругвајскиот напаѓач.

Oд тогаш многу се има променето. Кавани не е веќе оној истиот играч од Наполи. Падната му е цената, а не е тајна дека е во лоши односи со тренерот Лоран Блан и дека ПСЖ размислува да го продаде на крајот од сезоната. Тоа е шанса за Јуве!

“Еди во црно – бело? Во наредните неколку месеци се е можно. Би бил сјаен во тандем со Дибала”, рече братот на Кавани.

Тој упати конкретна понуда за Јувентус да преземе понатамошни чекори кога е Кавани во прашање.

“Јувентус е престижен клуб, со голема историја и сјајна сегашност. Последната сезона играја во финалето на Лига на шампини. Додека играше во Наполи, Едисон стално им даваше голови. Во наредните месеци може се да се пормени, тоа што е вистина денес, не мора да биде и утре”.

Kaвани се поврзува и со Челзи и Манчестер Јунајтед, на кој клупи од наредната сезона ќе седат Антонио Конте, односно Жозе Мурињо. Но и работа под Масимилиано Алегри е привлечно за Уругваецот.

“Кого преферира од тие тројца? Тоа треба да го прашате мојот брат. Но како што знам, нему повеќе му се допаѓа офанзивен фудбал кој го негуваат Алегри и Конте”, порача братот на Кавани и негов менаџер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.