(ФОТО) ВИДОВИТ РУСИН ГИ ПРЕДВИДЕ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Сега откри и кој ќе го освои Мундијалот !

Рускиот музичар Игор Данилов, случајно или не, предвиде дека Русија ќе ја победи Саудиска Арабија и Египет, но и точните резултати на тие натпревари. Затоа Русите го следат неговиот Твитер профил и бараат нови одговори.

И не само тоа, се обложуваат во согласност со она што ќе го објави “Jin Dagon”, како што се потпишал на Твитер.

Еден ден пред Мундијалот, за руската екипа, која нижеше порази и според проценките беше далеку од нокаут фазата, тој напиша:”Можете ли да замислите да ја тепаме Саудиска Арабија со 5-0, а потоа и Египет со 3-1? А потоа и во последна минута да победиме против Уругвај? Ако можете, тогаш бидете расположени!

Првите два резултатити се потврдија. Дали е Игор видовит или ова е случајност, никој не може да открие.

Сепак луѓето се обложуваат на “неговите утакмици”.

На Твитер објави фотографија од рускиот тим на светскиот трон. Па сега… кој знае, чуда се случуваат во фудбалот !




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.