УЧИЛИШНИ СМОТРИ НА ООУ “ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“

2

Синоќа, во големата сала на НУЦК “Марко Цепенков“ се одржаа традицоналните училишни смотри на ООУ „Добре Јованоски“. Пред преполнетата сала, исполнета до последното место, учениците го презентираа својот талент, преставувајќи се со драмски, музички и рецитаторски точки , подготвени макотрпно, со помош на своите наставници, во рамките на слободните активности. Публиката уживаше при секој настап, од најмалите до настапите на највозрасните ученици, кои главно имаа музички перформански на модерн танц. Меѓу публиката беше и градоначалникот на Прилеп кој ја пофали активноста на учениците и наставниците и при своето обрајќање ја нагласи важноста за вложување во младите генерации кои се иднината на овој град.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.