УТРЕ СЕ ДОДЕЛУВА ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР

pobeda

Утре пред почеток на бараж натпреварот, Вардар(Неготино) – Вардари(Форино), кој ќе се игра на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, во Прилеп, со почеток во 16 часот, ќе се изврши церемонијата на доделување на пехарот на ФК Победа за освоеното 1-во место во Втората лига. Се работи за одлука на ФФМ да се додели пехарот на шампионот по штотуку завршеното првенство на Втората лига на домашниот стадион, а самата церемонија на доделување на шампионскиот пехар ќе се изврши половина час пред почетокот на натпреварот, односно во 15,30 часот. Од ФК Победа апелираат за што поголема посетеност на натпреварот и присуство на симпатизерите на ФК Победа на овој свечен чин, со кој ќе се официјализира шампионската титула на црвено-белите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.