УПРАВЕН СУД ВЕЌЕ ОДЛУЧУВАЛ ПО ИДЕНТИЧНА СИТУАЦИЈА: Ако судот се води согласно сопствената пракса треба да ја укине одлуката на ДИК за прегласување!

Одлуката за уважување на приговорот на Беса за прегласување на избирачкото место 0396/1 во Гостивар каде што спорен беше гласот на Фатиме Сулејмани од Косово, согласно праксата на Управниот суд би требало веднаш да биде укината

upraven-sud1

Како основа за ова е и претходно утврдената пракса на судот, во пресуда донесена на 23 април 2013-та година. Тогаш судот за идентична ситуација, при изгласан приговор од страна на Државната изборна комисија ја укинал одлуката за прегласување.

Пресуда од 27.4.2013 кога е одлучено
Управниот суд на Република Македонија со Пресуда Уп.бр.1.11.823 донесена на 27.04.2013 година воспостави пракса со Одлука дека во случај ако некое лице гласало за друго, истото лице имало право да бара заштита на своето лично избирачко право и нема основ за поништување на гласањето на истото избирачко место, посебно ако се земе во предвид дека тој глас нема влијание на конечните резултати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.