Пукање во Тетово

policijakola1

36-годишниот Ј.Р. од селото Ларце околу 23.00 часот нападнал двајца полициски службеници кои биле поставени на регионалниот пат село Групчин-село Чифлик каде забележале возило „Опел Вектра и возило „Ауди“ и пристапиле кон легитимирање на лицата во возилото.

Во еден момент пријавениот излегол од возилото, извадил пиштол и испукал еден куршум во воздух по што едниот полициски службеник се оддалечил од возилото и од службениот пиштол испукал еден куршум во воздух.

По ова пријавениот почнал да бега испукувајќи уште четири куршуми во полицискиот службеник, кој возвратил со испукување на три дополнителни куршуми во воздух.

По ова лицата од возилата биле приведени во полиција.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.