Уживање и натпреварување на Крушевското Езеро: Се одржа ревијалната дружба во Фидер дисциплина (Фото)

На Крушевското Езеро денеска се одржа ревијалната “Фидер дружба” во организација на ЗСРК Мрена-1987 Крушево.

Ревијалната Фидер Дружба која се одржа денес (29.05.2022) ни донесе многуу нови пријателства, запознавме одлични професионалци во дисциплината Фидер и реализиравме одличен настан во тешки временски услови. На многу од учесниците им беше прва посета на Крушевско Езеро и се надеваме дека со нив понесоа убави спомени од убавините на езерото и неговата околина.

Најдобрите на оваа Дружба се:

Мартин Здравковски – ПРВО МЕСТО со вкупен улов од 22,835 килограми, Нико Чонески – ВТОРО МЕСТО со вкупен улов од 20,990 килограми и Марјан Ристич – ТРЕТО МЕСТО со вкупен улов од 4,205 килограми

Во натпреварувачкиот дел од Дружбата учествува вкупно 14 учесници со вкупен улов од 50 килограми. Огромна благодарност до нашите поддржувачи: Риболовна опрема Рики Струга Марти Спорт – Скопје, Влатко Максимов, Fishing Carp industry Mk, Enigma Fishing Macedonia, Оld School Krusevo, Tagas Balkan

Се надеваме дека нашето гостопримство, успешниот улов, прекрасното езеро и неговата атрактивна околина ќе бидат главните елементи за повторна посета на учесниците на дружбата, како и за останатите љубители на спортскиот риболов.

Ви благодариме на вашата посета и одличната дружба. Бистро до следно видување – пишуваат од клубот Мрена од Крушево.

Повеќе фотографии од дружбата ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.