СВР Битола информира дека од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Битола е пријавено дека на место викано „Тумбе кафе“, во поранешната касарна во Битола, биле пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 парчиња бомби и гранати од Првата светска војна.
Според информациите од полицијата, пронајденото експлозивно количество е детално специфицирано по видови.
„Станува збор за 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни бомби и 532 тромблонски гранати, сите од Првата светска војна“ велат од МВР.
Од надлежните служби додаваат дека локацијата каде што беа пронајдени и безбедно подигнати откриените бомби и гранати во моментов е комплетно обезбедена и останува строго забранета за движење на граѓани.























