Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Кичево: Едно лице го загуби животот

Едно лице го загуби животот, а друго е полесно повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Прлеип-Кичево.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 12 часот во атар на селото Русјаци во момент кога товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Р.З. од село Самоков-Македонски Брод, излетало од патот и удрило во дрво.

-На пат за болницата во Прилеп, Р.З. им подлегнал на повредите, а 18-годишниот сопатник С.А. од село Ковач-Македонски Брод бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди., информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.