Светски познатите Fly Project ќе настапат на ПИВОФЕСТ 2016: Еве кои се нивните најголеми хитови

Fly Project e романска dance, танс и латино – поп диџеј група, формирана во Букурешт. Откако е формирана во 2005 година, групата има настапувано на повеќе од 2.000 концерти ширум светот. Тие се најуспешната dance група од Романија, со златни и мултиплатинум дискови за интернационални рекорди во продажбата на своите песни.

Fly_Project_-_Sedinta_foto_-La_Vita_e_Bella-

Tudor Ionescu и Dan Denes се основачите на оваа група. Првиот албум го издадоа во 2005 година под името “Fly Project”.

Нивниот прв хит сингл, популарната песна “Raisa”, го достигна врвот на повеќе европски музички листи. Песната е запомнета како најслушан и најсакан хит на сите времиња во Романија.

Во 2007 Fly Project го повторија успехот со новиот албум “K-tinne”, уште еден погодок кој им донесе многу награди како што се: наградата за “Романски најдобар dance хит” и “Романска најдобра песна”.

Во 2008 година новата песна “Brasil” заедно со Tom Boxer им донесе нова интернационална слава и го достигнаа врвот на листите во: Русија, Бразил, Шпанија, Холандија, Турција, Бугарија, Грција, Србија…..

За нас најпознати се: “Musica”, “Goodbye”, “Back in my life”, “Mandala”, “Like a star”, a најпознатата и најуспешната песна на Fly Project  е “Toca”, koja стана светски познат хит. Истата го достигна врвот на 2 листи, а се најде дури на 15 листи во различни држави. Со оваа песна ја имаат освоено реномираната награда “Best Dance Award”, на Романските музички награди.

Посетителите на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, Пивофест 2016 ќе имаат единствена можност да уживаат во звуците и енергијата која ја носат Fly Project, ќе уживаат во незаборавна забава и ќе понесат прекрасни спомени од градот под Марковите Кули.

20150817T052921035

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.