Промена на времето уште од денеска – метеоролозите со нови најави за викендов

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер поизразен на северот.

Утринската температура ќе се движи од осум до 19 степени, а дневната температура од 24 до 31 степени.

Во следните денови температурите ќе бидат во благ пораст, а во петок и за време на викендот повремено облачноста ќе се зголемува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.