Прво место за гимназијалецот Филип Димоски од натпреварот „Шекспир живее – 2016“

На 12 мај 2016 година, Факултетот за странски јазици при Универзитетот Американ колеџ Скопје во соработка со Амбасадата на Велика Британија и со Британскиот совет во Македонија, го организираше петтиот државен натпревар во читање и говорење на текстови од светски познати писатели. Оваа година, насловен беше како „Шекспир живее – 2016“ и беше во знакот на големиот јубилеј – 400 години од смртта на Вилијам Шекспир.

На натпреварот, од гимназијата “Мирче Ацев”- Прилеп, учествуваа 6 ученици под менторство на професорките Стевка Самарџиска и Кети Ефремоска.

Хамлетовата вечна дилема „Да се биде или не“ во нескромно фасцинантна изведба, на нашиот ученик од трета година Филип Димовски му го донесе првото место во конкуренција од 114 ученици од сите средни училишта во Македонија.

3

1

2

Настапот на Филип пред присутните и пред жирито кое го сочинуваа деканката на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Марјана Ванева, професорот-шекспиролог д-р Иван Додовски, предавачите-англисти м-р Дејвид Ламберт, м-р Јованка Јованчевска-Миленкоска и м-р Бетина Џоунс од УАКС и познатиот македонски актер Ѓорѓи Јолевски, кој своевремено со голем успех ја играше улогата на Хамлет, остави најдобар впечаток и предизвика бурни аплаузи од сите во публиката.

4

Ментор на Филип му беше професорката по англиски јазик, Кети Ефремоска.

filip-dimovski-shakespeare5




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.