Полни раце работа за полицијата во Битола во текот на вчерашниот ден: Апсења за кражба во хотел и куќа, дрога, сообраќајна незгода, повреден моторциклист

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 09.06.2023 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Р.(33) и Ј.И.(35), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во хотел во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 09.06.2023 во 19.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.В.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола, при што одзел повеќе предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-СВР Битола поднесе кривична пријава против З.М.(54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана и две дигитални ваги.

-На 10.06.2023 во 02.31 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„4 Ноември“, ул.„Карпош“ и ул.„Кичево“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.П.(41) од Битола и мотоцикл „хонда“ рез регистарски ознаки, управуван од И.Ф.(33) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.