Пожар на плац од битолска фирма, опожарени две возила, оштетена и електрична инсталација

-На 06.07.2026 во 03:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на плац на ул.„Довлеџик”во Битола, сопственост на правно лице, настанал пожар, при што оштетени се две товарно возило „фиат“ и „ивеко”, двете со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. од Битола. Од огнот опожарена била и бандера со електрична инсталација. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.