Ослободени Милорад Улемек Легија и останатите припадници на ЈСО

Специјалниот суд на Белград со првостепена пресуда ги ослободи од обвинението сите припадници на некогашната единица за специјални операции (ЈСО) на кои им се судеше поради обвинение дека во 2001 година извеле вооружена побуна.

Пресудата е изречена во зградата на судот, а првообвинетите, некогашниот командант на ЈСО, Милора Улемек Легија по сопствена желба не бил однесен на објавата на пресудата од затворот во Пожаревац каде служи казна од 40 години затвор пораи низа кривични дела, меѓу кои и убиството на Зоран Џинџиќ.

Ѕвездан Јовановиќ, исто така некогашен командант на ЈСО, кој исто така служел казна од 40 гоини затвор, кој е осуден како непосреден извршувач на убиството на Џинџиќ, присуствувал на изрекувањето на пресудата.

Во Специјалниот суд за изрекување пресуди на Милорад Улемек Легија, Ѕвездан Јовановиќ и останатите припадници на ЈСО кои се обвинети,дошол и лидерот на радикалите Војислав Шешељ.

Останатире обвинети се бранат од слобода и не се обврзани да присуствуваат на објавата на пресудата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.