Музичкото дуо “Некст Тајм” со нова преработка: Веруваат дека по трет пат сите ќе бидат горди

После преработките на “Ја излези Ѓурѓо” и “Слушам кај шумат шумите”, кои станаа вистински хит и сеуште се преслушуваат насекаде и на секоја веселба, музичкото дуо “Некст Тајм” најавува нова преработка на песна.

Се работи за песната “Нешто ќе те питам бабо”, за промоцијата на истата е 25.03.2019 со почеток од 20:00 часот во Драмскиот театар.

Влезот е слободен за сите љубители на музиката на “Некст Тајм”.

Дечките на својата фан страна додаваат дека веруваат во трет успех и дека по трет пат ќе ги направат сите горди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.