Момироски: Шефчето, шефот, поглавниот шеф и најглавниот шеф над шефовите

Дел од денешната неделна колумна на новинарот Зоран Момироски, во која ги отсликува општествено-политичките случувања во градот под Марковите Кули во изминатата седмица.

-Неоспорно е дека бројот на граѓаните со ниска, да не речам никаква еко кулутура е на многу ниско ниво. Исто како што се на многу ниско ниво репресивните активности на комуналната инспекција. Но факт е дека сето ова произлегува и од редот што со години е воспостован од прилепските комуналци. А тој ,,оди,, вака: Прво се чисти дворот. Потоа исчистеното се собира. Па се мие дворот. Откако ова ќе се заврши се мети тротоарот, па и потоа и тој се мие со вода. Потоа поминува ,,директорот,, со метлата и количката, некој со униформа, некои без униформа, за да види како граѓаните го исчистиле целиот или дел од неговиот реон. Ако е добро, а нема шанси да не биде добро исчистено, тогаш ќе си седни на раат да помуабети и да испие кафе. Некои пак слушам да не губат време, а времето е пари, меѓувреме помагале да истоварат стока за во продавница, или мини маркет. Редот си е ред, по него во принцип поминува неговото шефче. Шефче си е шефче, тој пак контролата ја прави или од комбе или од пикап. По ова контрола прават поглавниве шефови, а потоа и најглавниот шеф. И на крај можно е да помине и најглавниот ,,шеф на шефовите,, – директорот. Додека сите овие контроли да поминат, граѓаните кои сами си ја завршиле работата, а притоа го исчистиле, го измиле тротоарот, а ако имаат тример и си ја искосиле тревата од тротоарот, се тушираат и пристојно се облекуваат. Ја земаат сметката за комунални услуги и одат да си ја платат. Исто како што си го платил данокот од кој се плаќа чистењето на јавно комуналните површини, парковите и детски игралишта. Таков е редот, а редот си е ред, како онаа народната ,,Сама Мара сукала, сама Мара фукала. Сам си чистиш сам им плаќаш.

Целата колумната на Момироски прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.