“Ми даде Господ сила, ја фатив за уши”: Цане од прилепско раскажува како го преживеал нападот од мечка (ВИДЕО)

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој во неделата претрпе опасен напад од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка.

Цане по два дена беше пронајден од неговите најблиски, и од местото каде што ги чувал кравите, беше пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош, беше пуштен на домашно лекување.

Србиновски при нападот од мечката успеал инстиктивно, по неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално. По нападот, Србиновски се вратил назад во неговата колиба, заедно со стадото крави, но таму поради изнемоштеност, изгубил и најверојатно заради претрпениот шок, не се јавило веднаш за помош, при што поминал цело едно деноноќие, информирале блиските на Србиновски за ЦУК.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.