ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА – ПРИЛЕПЧАНИ ЗГРОЗЕНИ ! ! !

1

Немањето на конкретна поддршка кај прилепчани за така неречената “Шарена револуција” e причината за значително зголемената доза на нервоза и револт кај хулиганите на СДСМ.

Не запира уништувањето на општинската зграда во Прилеп. Не вреди ниту една осуда од граѓаните, напротив деструкцијата продолжува секоја вечер, со уште поголем гнев и омраза.

Во текот на минатата вечер, боја се истураше и на коловозите.

Најбедното е тоа што во првите редови на овие протести на “незадоволни граѓани” се наоѓаат добро ситуирани лица, со одлични месечни примања.

22

До нас не престануваат да доаѓаат нови реакции на граѓаните на Прилеп. Гласни се припадниците на МВР, кои секоја вечер си заминуваат со валкани униформи. Реагира и бизнис секторот, интелектуалците, уметниците, просветните работници, а особено гласни се граѓаните кои секојдневно имаат да завршат обврски во општината, бидејќи не можат да ја допрат ни кваката на влезната врата. Болни се погледите на случајните минувачи, чие што мислење треба да биди во прв план, доколку СДСМ навистина е граѓански ориентирана политичка партија.

3

Секое чистење на фасадата од специјализирана фирма со кран чини и по неколку стотици евра, пари од граѓаните, кои за жал мораат залудно да се потрошат.

4

  • “Ова ЛУДИЛО мора да престане, сакаме чист град, сакаме нови вработувања, нови паркови, нови репрезентативни згради и булеварски улици”, велат граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.