Избегната трагедија: Прилепски пожарникари дошле да го изгаснат пожарот кај манастирот во Зрзе, за малку ќе изгубеле глава

Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп во саботата се упатила кон манастирот Св. Преображение кај селото Зрзе, по повик да интервенираат на пожар во околината, кој му се заканувал на светилиштето.

Според информациите кои ги добивме, додека пожарникарите се движеле кон местото на пожарот, голема топола паднала врз нивното возило, а гранките од дрвото низ шофершајбната навлегле внатре, па еден од пожарникарите се здобил со повреди, за што потоа бил згрижен во прилепската болница.

За среќа избегната е поголема трагедија, а повредениот пожарникар е во добра здравствена состојба.

Ова е уште еден доказ дека пожарникарите се вистински херои кои секојдневно се соочуваат со разно разни предизвици, често опасни по нивниот живот, а со цел да помогнат да се заштитат приватните, природните и културните добра.

На повредениот пожарникар му посакуваме брзо закрепнување, а на ТППЕ Прилеп им честитаме за храброста и ризикот, кои често ги пеземаат дури и со ограничени ресурси за интервенција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.