Жални слики од Прилеп: Наместо ново училиште, целосен пустош – кој ќе одговара за ова? (Фото галерија)

Новото подрачно училиште во населбата Сточен пазар во Прилеп, кое требаше да биде отворено на празникот Св. Никола во 2017 година и требаше да го носи името на заштитникот на градот, е пред целосно yништyвањe и мета на кpaдци.

Ова беше тема и на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде потенцираа дека училиштето кое беше изградено во мандатот на претходниот градоначалник, Марјан Ристески, чинеше 10 милиони денари, а во него требаше да учат околу 170 ученици до петто одделение.

Од опозицијата го потсетија градоначалникот Илија Јованоски дека и тој во својата предизборна програма имаше ветено изградба на ново училиште во оваа прилепска населба.

“Денеска одново го потсетуваме дека тука веќе е изградена нова училишна зграда и дека само поради неговата негрижа и неспособност од оваа зграда позади мене ќе останат само ѕидови.

Одговорноста за тоа ќе биде само негова, а децата од овие населби само поради Илија Јованоски и понатаму настава ќе посетуваат далеку од своите домови.

Жално за сите е кога ќе се види една ваква слика. Наместо тука во изминатите 3 години да се слушаше детскиот џагор, да се отвореа нови работни места за наставници, тврдоглавоста и суетноста на Јованоски и СДСМ беа пресудни, па овој вмровски во наводници проект е оставен секојдневно да се уништува”, истакнаа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

“Заборавете на политиканството и изговорите, фатете се за работа и спасете го ова училиште додека сеуште има време! Во спротивно за ова уништување на општествениот имот ќе бараме одговорност”, додаваат од партијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.