ЕМОТИВНИ РАЗДЕЛБИ: Ѕвездите на Премиер лига во солзи – ФОТО

Емотивно помина последното коло во Премиер лигата, затоа што многу ѕвезди со солзи во очите се разделија од своите клубови.

1

После 10 години, американскиот голман Тим Хауард се раздели од навивачите на Евертон и заминува во Колорадо. На навивачите низ солзи им порача дека Евертон секогаш ќе му остани во срцето.

22

Се прости и Микел Артета. За “топџиите” играше од 2011 година, а на 150 настапи, беше 17 пати стрелец.

33

Пред 10 години Томаш Росицки пристигна во Арсенал, а сега после 246 настапи, како 35-годишник го напушти клубот. После натпреварот против Астон Вила и победата во последното коло и тој се прости од “топџиите”.

44

Мануел Пелегрини се раздели со “граѓаните”, бидејќи од ова лето на клупата ќе го замени Пеп Гвардиола. Му донесе титула на Сити во 2014 година, а оваа сезона ги донесе и до историско полуфинале во Лигата на шампиони.

55

Кике Флорес Санчез беше повратник во Премиер лигата. Екипата на Ватфорд, не само што ја одржуваше на златна средина, туку и ги донесе и во полуфинале на ФА Купот. Сепак управата на клубот одлучи тој да не биди предводник во наредната сезона, а навивачите го испратија со овации.

66

Сепак, најчувствително беше на последната утакмица на Џон Тери за Челзи.

77

Играчите го фрлаа високо, не дозволувајќи одлуката на управата да го симне од висините, кои тој сам ги изгради со неговите партии за клубот.

88

Навивачите со транспаренти и знамиња не можеа да се помират со одлуката на челните луѓе во клубот.

99

Подоцна Тери го зеде микрофонот и криејќи ги солзите на навивачите им порача:

“Сите ние го сакаме истото. Јас сакам да останам, навивачите го знаат тоа, клубот го знае тоа”.

00

На Тери му е понудена едногодишна соработка, меѓутоа во некое друго својство, а не како играч. Сепак навивачите сакаат легендата која 703 пати го носеше синиот дрес, да и понатаму биде главен актер на теренот. Од таму излегуваат и солзите кај навивачите, од таму и самиот Тери не може да се помири со оваа разделба. Фудбалот е навистина една голема емоција.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.