ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕМА ДА ПРИМА НОВИ ЧЛЕНКИ: Словенскиот претседател Борут Пахор повика ЕУ да не шири лажна надеж за Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија

Европската Унија е ослабена од „Брегзитот“ и ќе мора да ги одложи плановите за проширување на Западен Балкан, изјави словенскиот претседател Борут Пахор на самитот во Блед минатата недела, додавајќи дека блокот засега не треба да се надева дека во догледно време ќе може да ги прими како членки Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија

Зборувајќи во присуство на шефот на преговорите на ЕК во случајот Брегзит Мајкл Барниер, Пахор изјави: „Ослабена ЕУ нема да може да се прошири на западен Балкан“.

Словенскиот лидер додава дека „се е поврзано и поминуваме низ период на тешки одлуки кои мора да бидат направени“, пренесува новинската агенција Нова.

Како што вели весникот, ЕУ понуди перспектива за пристапување на шест земји од Западен Балкан кои треба да исполнат строги критериуми за да бидат прифатени како нови членки.

Весникот потсетува дека преговорите за пристапување веќе почнаа со Србија и Црна Гора и дека 2025 година се спомнува како датум кога тие би можеле да станат полноправни членки на Унијата, како и дека ЕУ се надева дека дотогаш Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово веќе ќе бидат на добар пат за приклучување кон Унијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.