Детенце напишало божиќно писмо до својот покоен татко на кое не можат да останат имуни и оние со најтврдо срце

dh2ftfh14524j2gu54

Фотографот Стјуарт Мак од Шкотска најде писмо во балон што едно момче го испратило до својот татко кој за жал е на небото. Сега го бара момчето за да му ги исполни Божиќните желби.

Детето вели дека знае дека неговиот татко е во рајот и дека неговата најголема желба е тој да го прочита ова писмо и да му одговори со порака под перницата. Во него напиша и кои подароци сака да ги добие.

Пораката е пронајдена во балон, на еден приватен имот во Шкотска. Стујарт (30) го шетал своето куче кога го пронашол писмото, а сега сака да го пронајде детето и да му ги купи сите подароци кои си посакало.

„Го забележав балонот и во првата секунда мислев дека е ѓубре но сепак го подигнав. Тогаш за малку ќе заплачев, беше многу трогателно. Отидов дома но не можев да престанам да размислувам за писмото. Поставив фотографија од писмото на социјалните мрежи за некако да може да ми помогнат сите да го најдам детето“, рече Стујарт.

Во писмото кое го разнежни светот стои:

„Еј тато, ти пишувам да ти кажам колку ми недостигаш и да ти ги кажам новостите. Сигурно веќе знаеш дека сум посвоен бидејќи е мама болна, а мене увото ми е воспалено од понеделникот. Навистина ми недостига училиштето и ти исто така. Знам дека си во рајот, но дали си добро? Пред да завршам еве го пописот од моите соништа и желби.

Мојот сон е ти татичко да ми ставиш порака под перницата.

Божиќната листа: Чизми, топка, коцка, дрес Реал Мадрид.

Чао тато.

Те сакам!

„ Се надевам дека ќе го лоцираме момчето. А дури иако не успееме, направив страница за донација која ќе ја дадеме за хуманитарни ствари за децата без родители„ додаде Стујарт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.