Детали за вчерашната сообраќајна несреќа кај прилепско Мало Коњари (ФОТО)

Четири лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера попладнето се случи на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај населенто место Мало Коњари, потврдуваат од МВР за Курир.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Мерцедес“ и „Ауди“ А6, двете со прилепски регистерски ознаки.

-Во двете возила имало возач и по еден сопатник кои се пожалиле на повреди, по што се пренесени во прилепската болница, информираат за Курир од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.