Денеска сончево и топло, попладнево дожд и грмежи, а еве какво време не очекува во наредните денови и за време на викендот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните часови во крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи.

Утринската температура денеска се движеше од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.

Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи.

Ќе дува и умерен северен ветер, што ќе услови благо опаѓање на дневната температура.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.