Градоначалникот на Општина Прилеп ги честита Велигденските празници (ВИДЕО)

_MG_8568

Почитувани,

Дозволете ми на сите верници од православна вероисповед да им упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта, посакувам да биде секогаш со нас верата и љубовта кои ќе не мотивираат за градење на  вистински човечки вредности

Кога сме обединети можеме да ги совладаме сите предизвици со кои се соочуваме за добро на сите нас што живееме во Република Македонија,

Со оглед на тоа што и се случува во моментот на Р. Македонија, сакам да упатам јасна порака за неповредливоста на суверенитетот, територијалниот интегритет и унитарниот карактер на државата

Овој голем празник е доказ дека не постојат ограничувања кои не можат да се надминат

Со верба, надеж и љубов да продолжиме во градењето на  нашата татковина

Најискрено, Ви посакувам овие денови да ги поминете во духовен мир, исполнети со многу здравје, радост и среќа во секое семејство

Нека ни е честит и вековит празникот

Христос Воскресна! Навистина воскресна!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.