(ВИДЕО) 32 екипи ќе се борат за високи парични награди – Од 8-ми декември стартува традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2023”

Прилеп започна со подготовките за организирањето на градската слава „Св Никола“ и традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2023“.

Покровител на турнирот е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот, заедно со генералниот спонзор, компанијата Комфи Ангел која што годинава е и домаќин на градската слава и се разбира со поддршка на други општествено одговорни компании и Регионалната Стопанска Комора – Прилеп.

Заради немањето можност фудбалските натпревари да се играат во Универзалната сала, љубителите на малиот фудбал ќе ги следат натпреварите училишните сали на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и во ООУ “Добре Јованоски”, после 18 часот.

Нема промени во однос на форматот на одигрување на натпреварите од минатата година, односно 32 екипи ќе бидат поделени во групи, а доколку има пријавени повеќе екипи, истите ќе бидат вметнати во групите.

Наградниот фонд за ова издание на турнирот е повеќе од 450.000 илјади денари. Pобедникот ќе добие 260.000 денари, за второ место се обезбедени 130.000, а за трето 70.000.

Турнирот започнува од 8-ми и ќе трае до 24-ти декември.

-Турнирот секогаш има и хуманитарен карактер, така да, се надеваме дека и оваа година ќе обезбедиме доволно средства а дел од нив на крајот ќе се доделат онаму каде што има потреба. Патронот на градот односно нашата градска слава „Св. Никола“ ќе ја чествуваме оваа година во еден прекрасен нов концепт но се разбира во духот на нашат христијанска вера и традиција. Јас во оваа прилика како градоначалник сакам сите вас почитувани сограѓани да ве поканам заедно на традиционалниот светиниколски ручек на 19ти декември во центарот на градот и заедно да го чествуваме нашиот патрон на градот, а исто така ве поканувам сите и заедно да го проследиме традиционалниот турнир во мал фудбал „Св Никола 2023“ од 8-24 декември во нашите училишни спортски сали на Добре Јованоски и Ристе Ристески-Ричко – истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Повеќе детали за турнирот и градската слава во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.