(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ МУ СЕ ПОКЛОНУВА НА “ДЕЛИИ”: 27 години ја чекаа химната од Лига на шампиони за да ја замолчат !

Фудбалскиот свет е фасциниран од спектакуларната атмосфера на Маракана !

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда носени од неверојатната поддршка на повеќе од 50.000 навивачи го освоија првиот бод во групната фаза од Лигата на шампиони. Одиграа без голови со фаворизираниот Наполи.

Атмосферата на стадионот била незаборавна, барем така пренесуваат присутните.

Навивачите успеаа на Маракана да го направат она што со години го правеа на утакмиците во кошаркарската Евролига. Успеаа да ја замолчат химната! Кога започна да се интонира познатата химна од Лигата на шампиони, повеќе од 50.000 навивачи се потрудија да ја “надвикаат” и успеаа во тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.