Битолскиот народен театар освои 5 награди на Меѓународниот фестивал во Рума, Србија

„Кислород“, претставата од Иван Вирипаев во режија на Иван Јерчиќ освои пет награди на меѓународниот театарски фестивал кој викендов се одржа во српскиот град Рума.

Во известувањето од Битолскиот театар во врска со наградите стои:

Стручното жири на 27 Арт Трема Фестивал во состав: Зијах Соколовиќ, Марина Вујчиќ, Неџма Чизмо, едногласно ги додели следните награди на претставата ,,КИСЛОРОД” од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ:

*СРЕБРЕНА ТРЕМИНА МАСКА за претставата ,,КИСЛОРОД”
од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ – НУ Народен Театар Битола,
*НАЈДОБРА РЕЖИЈА (ЗЛАТНА ПЛАКЕТА) на Иван Јерчиќ,
*НАЈДОБРА СЦЕНСКА МУЗИКА на Александар Димовски,
*НАЈДОБАР ДИЗАЈН (музика, звук, светло-тотал дизајн) на Александар Димовски, Марјан Ѓорѓиевски, Владимир Переловски и Никола Ѓорѓиевски,
*НАГРАДА ЗА ПАРТНЕРСКА ИГРА на Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов.

На фестивалската сцена во Рума освен актерите од Битола, учествуваа и театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.