Шведските ракометарки со провокативен танц ја прославија победата со Словенија (ВИДЕО)

Уверливата победа против Словенија во осминафиналето од Светското првенство, шведските ракометарки ја прославија со танц во соблекувалната и покажаа дека освен што знаат да прослават победа очигледно знаат и да прослават.

Женската ракометна репрезентација на Шведска е еден од фаворитите за медал на Светското првенство во Германија, а на тој пат во осминафиналето им дојде Словенија.

Иако Словенките играа многу добро во групната фаза, против Швеѓанките немаа шанса. Шведска победи 33:21 и се пласираше во најдобрите осум, каде ја чека дуел со Данска, која беше подобра од домаќинот Германија.

А прославата на уверливата победа на Швеѓанките почна уште во соблекувалната. Непосредно пред туширањето шведските ракометарки почнаа да танцуваат, а според прикажаното може да се види дека танцот е извежбан до последниот детаљ.

Vi är i kvartsfinal! Heja Sverige! #handbollslandslaget #handboll #handball #germany2017 #simplywunderbar #sverige #vm2017 #zumbasabbe

A post shared by Handbollslandslaget (@handbollslandslaget) on




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.