ФОТО: ”Градот полека се распаѓа …. битно на ИТНА Седница зголемени сметките за вода!?”

Прилеп веќе го губи својот сјај. Секој ден некоја нова грда слика во центарот на градот. Изминативе месеци се уништуваа споменици, се испишуваа кукасти крстови, се уништува урбана опрема, а виновници никако да видиме.

Што му се случува на градот кој важеше за еден од најчистите во државата и со најуредено централно градско подрачје?

Новите градски власти се чини сеуште се во еуфорија од изборната победа на 15 октомври минатата година, а заборавија дека прилепчани ги изгласаа за уште подобр Прилеп.

Овие фотографии се уште едни во низата дека се што е убаво во Прилеп се уништува.

ХОРОР: ”Ако скршите нога, ортопедот барајте го во локална самоуправа?!”

ФОТО:”Кукасти крстови и на Участакот! Не знаеме чиј затвор бил со Бугарскиот договор, тоа го знаат дабничани?!”

ПРИЛЕПСКИ СРАМ: “Рефлектори – корпи за отпадоци – Нов проект на општина Прилеп?!”

“Градска тече ѓубре влече” – Грозна слика од прилепското речно корито (ФОТО)

ВАНДАЛИЗАМ:”Уништени клупите на “5-та прилепска”- на кого му сметаше европски Прилеп?!” (ФОТО)

Како сето ова да е малку, општинските власти минатата недела ги покачија и сметките за вода. Иако цената за потрошен кубен метар вода остана иста, прилепчани сепак ќе плаќаат повисоки сметки имајќи во предвид дека општинските власти ја поскапија услугата за одведување на урбани отпадни води, што е дел од сметката за вода.

За потрошен 30 кубни метри вода, едно прилепско семејство месечно ќе плаќа околу 70 денари плус на сметката за вода.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.