Страшно-СДС го задолжува секој граѓанин дневно за 97 денари!?

tevdovski-640x371

Тевдовски критикуваше дека ВМРО-ДПМНЕ го задолжува секој граѓанин за 60 денари на ден, а тој денес задолжува за 97 денари дневно.

За само 71 ден Владата предводена од СДСМ ја задолжи Македонија на домашниот пазар за 6.242.630.000 денари или 101.506.179 евра.

Кога е во прашање задолжувањето на домашниот пазар, довербата на инвеститорите во економските политики на оваа Влада е намалена, што се огледа во тоа што на аукцијата одржана вчера т.е. за понудените државни обврзници на 5 и 15-годишен рок на достасување, не се реализираа во целост, односно инвеститорите побараа 262.360.000 денари помалку како резултат на недовербата на долг рок со новата Влада.

Министерот Драган Тевдовски предходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше дека го задолжувала секој граѓанин по 60 денари на ден, а денес кога тој е министер дневно секој граѓанин  го задолжува за 97 денари.

Покрај овие задолжувања на домашниот пазар, намалени се и девизните резерви во кои спаѓаат и депозитите на Република Македонија во странство, односно сите тековни и орочени средства во странство. Намалувањето на овие средства од 01.06. до 30.07. е во износ од 175,2 милиони евра.

 

 

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.