Страшна несреќа утринава во прилепско: Изгубил контрола и се превртел

 

Во 03 часот по полноќ на локалниот пат село Мраморани – село Дупјачани во Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која 21-годишниот Д.П. од Велес управувајќи возило „Сеат Ибица“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од коловозот, по што се превртел.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот 20-годишниот Д.П. од Велес, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Прилеп, каде е задржан на лекување.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.