СКАНДАЛ: “Згасна животот за ракометот во Прилеп!?”

Ситуацијата во Ракометниот клуб Прилеп го достигна следното ниво. Откако новиот градоначалник на Прилеп му соопшти на претседателот на клубот дека Општината веќе нема да го спонзорира клубот, дојде редот на претседателот на клубот да им ја соопшти оваа одлука на ракометарите и да им ја објасни целата ситуација во клубот. А, ситуацијата во клубот е далеку од добра, Прилеп во моментов се наоѓа многу блиску до клуч на вратата, пишува g-sport.mk

Интересно е за ова прашање да се изјасни и Кристијан Илиески поранешен ракометар и вработен во Тутунски Комбинат, а сега в.д. директор во ЈП Пазари.

Што тој мисли за згаснувањето на РК Прилеп, имајќи во предвид дека заедно со сегашниот градоначалник Илија Јованоски одржаа повеќе пресови во кои се истакнуваше дека спортот и ракометот во Прилеп ќе добиваат целосна поддршка.

Наместо тоа спортот полека изумира, а младите, и покрај изградената инфраструктура и досегашните обезбедени спонзорства, ќе немаат можност да ги учат тајните на ракометот.

Дознаваме дека Претседателот на клубот Александар Мариновски вложил големи напори клубот да го доигра барем есенскиот дел од сезоната, иако работната атмосфера била нарушена повеќе од еден месец.

И благодарение на него заедно со играчите и тренерот, не се дозволи срам и блам за да ниедна утакмица не заврши со 10-0 и одземање на бодови од салдото.

Српскиот интернационалец Петар Шајин веќе си замина. Од домашните играчи засега уште никој не се изјаснил, но сигурно екипите што имаат колку толку безбеден буџет би можеле да си најдат зимава засилување од оваа екипа, додава порталот g-sport.

Со ваквите случувања на клубот кој пред 2 години настапуваше во ракометна Европа му се заканува целосо згаснување, а Прилеп одново ќе го загуби ракометот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.