Пристигна ново селфи од Марс (ФОТО)

Роверот Кјурозити се наоѓа на Марс од август 2012 година, кога ја започна потрагата по микроби кои би потврдиле дека постојат услови за развој на животот на Црвената планета.

Оваа недела Кјурозити испрати ново селфи.

За време на редовното испраќање на фотографии, роверот испрати и таква на која се гледа и самиот.

Секако, од НАСА не ја пропуштија можноста оваа занимливост да ја споделат со нас, па фотографијата ја објавија на официјалниот Твитер профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.