МВР потврди: Дац со БМВ прегазил девојка

Порталот Press24 пренесува дека Минситерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека актерот и директор на МНТ, Драган Спасов Дац синоќа прегазил девојка во скопска Кисела Вода.

„На 30.01.2018 во 19.20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички управувано од Д.С.(54) удрило во пешакот Е.Ц.(27). Е.Ц е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома.“ – стои во информацијата од МВР, пишува порталот.

Од полицијата нема информации за наводите дека Спасов бил под дејство на алкохол.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.