“Комфи Ангел” … компанија која неуморно расте и се развива (ФОТО)

Малкумина говорат позитивно кога ќе се спомене некоја текстилна конфекција. Реткост е вработените да се пофалат со убави услови за работа, одличен однос од менаџментот и сопствениците на ваквите производствени капацитети.

Но, кога се говори за компанијата “Комфи Ангел” од Прилеп, сите вакви негативни коментари паѓаат во вода. Оваа компанија којa успешно работи и продуцира во нашиот град, вработува повеќе од 1000 луѓе и се грижи за нивните потреби, нивното задоволство, ги цени и наградува сите залагања на своите вработени.

Компанијата претставува странски капитал и своето производство во најголем процент го извезува на странски пазари. Она што ја прави лидер во својата работа е огромната посветеност, одличните човечки ресурси, како и вредна и мотивирана работничка рака.

Карактеристично за оваа компанија е општествено одговорната свест, па така во текот на своето работење, компанијата “Комфи Ангел” има реализирано многу соработки со невладиниот сектор, многу хуманитарни акции, меморандуми за соработка, реализирани проекти за кревање на претприемачкиот дух кај младите во средните училишта и факултетите и.т.н.

Koмпанијата е редовен поддржувач на многу настани од културата и спортот во Прилеп, меѓу кои особено треба да се истакне поддршката и финансирањето на фудбалскиот клуб “Победа”, покровителството на турнирот во мал фудбал “Св. Никола”, фестивалот на пивото и др.

Тоа сето говори за отвореноста и достапноста на оваа компанија, како и подготвеноста да се помогне секоја манифестација, настан, да се подигне некоја свест, да се истакнат човековите вредности, да се докажи дека компаниите и фирмите не се тука само и само да остварат приходи, туку дека тие се главните двигатели на општеството, и дека компаниите треба да им возвратат на оние кои работат во нив и за нив.

Главен двигател на компанијата со сигурност е Генералниот менаџер Ирена Јакимоска која со нејзините постојани ангажмани, работни средби, предавања, ја прават личност од која треба да учат најдобрите студенти и сите оние кај кои постои претприемачки дух и смисла за бизнис, треба да ги следат нејзините чекори.

Нејзината успешност и умешност надополнети со ведрината и позитивноста која ја поседува, се двигател плус на компанијата и значат гарантирано прво место во секторот на индустријата со текстил.

Низ годините на функционирање за истакнување е и моментот кога во 2013 година благодарение на оваа компанија Прилеп по втор пат влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Тогаш на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто” беше направена најголемата перница на светот.

За истакнување е и електронската продавница на компанијата која руши рекорди во продажбата. Taму можат да се најдат сите квалитети на компанијата, производи кои ги следат само пофалби. (Погледнете на следниот ЛИНК)

Секој месец на редовен состанок со вработените се одржува и наградна игра, на која од сад во кој се наоѓаат имињата на сите вработени се извлекува по еден и истиот се наградува со значителна сума на пари.

За напомена е и грижата кон вработените, која ја докажуваат со организирани “Тим Билдинг” викенди, трибини во соработка со реномирани професори, што ретко која компанија го прави. На ваков начин се издигнува секако мотивацијата, се намалува работниот стрес, се вложува во своите вработени и се зголемува нивната продуктивност при работа.

Дека сето погоре кажано е вистина говори и фактот што “Комфи Ангел” само во 2015 година беше наградена и со две престижни награди во Лондон од Асоцијацијата „RSM international at European Business Awards“. Прво место освои за национален шампион за увоз-извоз и второ место за увоз-извоз на европско ниво, во конкуренција на десет компании.

Ова е мал дел од една успешна сторија која постои 11 години, постојано чекори кон напредок, постојано насочена кон освојување на нови пазари, на зголемување на производствени капацитети, мал дел од успешната сторија “Комфи Ангел”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.