ЗАПАЛЕНО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Грците го запалија Македонското знаме во Солун!

На денешните протести кои се одржаа во Солун, против името Македонија беше запалено Македонското знаме- објави грчкиот портал Thestival.Og

Со грчки знамиња и знамиња со сонцето од Вергина, со слогани дека Македонија е грчка и со плакати со пораки „Македонија била е и ќе биде грчка“, „Тргнете ги рацете од Македонија“, „Името е нашата душа“, илјадници Грци се собраа во центарот на Солун на протестот за „одбрана на името„

На протестот кој се одржа денеска во 14 часот по локално време, пристигнаа над 400 автобуси од цела Грција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.