Детали за пожарот кој вчера избувна во куќа во Прилеп (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути било пријавено дека во Прилеп на улицата „Задарска“ во куќа сопственост на 35-годишниот Д.В. избувна пожар, при што опожарена беше целата куќа.

Причина за пожарот бил неисчистен оџак. Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица-Прилеп.

Во пожарот според информациите кои ги добивме била зафатена и соседната куќа лепенка.

Увид на местото на настанот ќе се врши денеска.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.