Два концерти престојниот викенд на “Прилепско културно лето”

kud penzioner

КУД„Пензионери“ при Здружението на пензионери на Прилеп во петок 11 август 2017 од 20.00 часот во кино Мис Стон, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со убава музичка програма. На концертот гости ќе им бидат и членовите на КУД „Сирма војвода“ од Битола и пејачката група при ЗИП од Штип.

ххххххххххх

kud mirce acev

КУД„Мирче Ацев“во сабота 12 август од 20.00 часот на плоштадот Александрија ќе одржи целовечерен концерт, на кој ќе настапат и нивните гости членовите на друштвото од Ириг, Србија. Концертот на КУД„Мирче Ацев“доаѓа веднаш по враќањето од фестивалот во Бујукчекмече, Р. Турција, каде го претставија нашиот богат македонски фолклор меѓу  фолклорни ансамбли од 64 земји.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.