Викенд временска прогноза: Не чека промена со времето

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето денеска во Македонија. По одделни котлини ќе има магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови засилен јужен ветер. Во крајните западни делови се очекува повремен слаб дожд.

Температурата ќе се движи од девет до 15 минути.

Во сабота претпладне ќе дува засилен јужен ветер, а под влијание на нов влажен бран од попладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови.

Во ноќните часови врнежите на планините ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има на некои повисоки места. Од недела под влијание на северно воздушно струење, температурите значително ќе опаднат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.