Бајага неа и ги посветил сите песни: И пријдов во автобус, но ме одби

Момчило Бајагиќ – Бајага својата приватност ја држи далеку од очите на јавноста.

Ни неговата сопруга не се експонира во медиумите, а ретки се настаните на кои се појавуваат заедно како пар. Во брак се од 1989 година, а пред тоа седум години живееле заедно.

Бајага секогаш истакнувал дека Ема е создадена за него, бидејќи имала разбирање за неговата работа.

Нивната љубовна приказна започнала во еден автобус во Земун, каде живеела Емилија.

-Се запознавме во автобус. Во автобус прв пат ја прашав дали сака со мене да излезе во недела, а таа рече дека во недела не излегува. Мене тоа ми беше како да ме откачи, кој не излегува во недела? Ема најверојатно излегувала во сабота, од каде да знам. Јас тогаш не поставив никакво дополнително прашање, ми беше непријатно. Дури по неколку месеци почнавме да се забавуваме, вели Бајага.

Неговите љубовни песни, како што и самиот вели, секогаш повеќе ја привлекувале женската публика. Тој признава и дека своите песни и ги посветил само на една жена.

-Врската како врска никогаш не беше во искушение, но на Еми секако не и беше лесно. Кога си јавна личност, секакви работи се објавуваат за тебе во медиумите. Ема тоа навистина добро го поднесе, особено во првите години од нашето забавување, кои беа најлуди. Не можевме да одиме на летување некаде каде одат сите. Мене најглупава финта ми беше да зборувам дека немам девојка за да ме бркаат девојки. Луѓето те сакаат поради музиката. Да не правев добри песни, немаше ни да ме сакаат, вели Бајага кој со сопругата ги има ќерката Анѓела (12) и синот Марко (20).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.