Јовчески прв дотрчал и му пружил помош на претепаниот редар – Прилеп е најнебезбеден град!

Maркукуле објави дека попладнево околу 13 часот, засега непознато лице, откако се паркирал со своето возило на паркингот позади општинската зграда во Прилеп, го претепал паркинг редарот, вработен во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.

Лицето чиј идентитен полицијата ќе треба да го утврди, најпрво со своето возило се паркирал, а откако од лицето задолжено за наплата му било побарано уредно да плати, го нападнал со боксови и клоци, по што со своето возило побегнал во непознат правец.

Според нашите сознанија, на паркинг редарот му се дијагностицирани сршеници во пределот на градниот кош и фрактура на главата.

Очевидци на целиот настан информираат дека прв го дотрчал да му помогне на повредениот бил градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Првиот човек на општината, во целата ситуација постапил воден од лекарскиот инстинкт, па откако забележал дека лицето беспомошно лежи на земја, веднаш се обидел да му пружи прва помош и да спречи човекот да го голтне јазикот.

Веднаш потоа пристигнало возило на брзата помош, а полицијата извршила увид и разговарала со очевидци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.