Јованоски: Во poднинcка вpcка cyм со тие што гpaдат во пазapoт, но гpaдбата е нeлeгaлнa и таа ќе биде oтcтpaнeтa (Видео)

Денешната прес конференција ја свикувам со цел да се отстранат сите дилеми, инсинуациите и да запрат шпекулациите, лажните вести и клеветите и обвинувањата насочени спрема мене како градоначалник на Општиина Прилеп, но и како физичко лице Илија Јованоски, за наводна вмешаност или соучество во изградбата на два објекти што се градат во градот. Ова денеска на прес конференција го истакна градоначалникот Илија Јованоски, откако неколку пати беше прозиван од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дали е вмешан во изиградбата на објектот кој се гради кај болницата и надоградбата која се прави во пазарот во трговскиот центар Филип II.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Станува збор за објект, зграда која се гради во близина на Медицинското училиште, каде постои купопродажен договор на два субјекта, едниот физичко лице, а другиот правен субјект, при што се продава приватен имот. Ниту Општината, ниту градоначалникот на било кој начин се вклучени во тој купопродажен договор. Јас го видов тој купопродажен договор, видов дека соодветно е платен данокот на Општината и за нас тука завршува целата работа. Категорично демантирам било каква моја вмешаност во изградбата на објектот, ниту како градоначалник на општина Прилеп, ниту како физичко лице Илија Јованоски.

Вториот објект, наводниот хотел кој се гради во пазарот во центарот на Прилеп не постои во Деталниот урбанистички план. Станува збор за легализиран деловен објект, каде сопственикот сакал да го промени покривот на терасата на тој деловен објект, со кој ни Општината ни јас како градоначалник имаме некаква врска со тоа. После добиената информација од граѓаните, од вас новинарите, дека таму се прави нешто незаконски, на лице место излезе овластен градежен инспектор од Општината, кој на сопственикот му кажа да го отстрани нелегално изградениот дел во законски можен рок и доколку тоа не биде направено во законски предвидениот рок, Општината ќе биде приморана тој дел да го отстрани присилно.

Уште еднаш да кажам и тврдам дека апсолутно немам никакво влијание ниту како градоначалник, ниту Општината има нешто врска со ова. Она што го има Општината е да се отстрани оној нелегален дел што моментлно е почнатно да се гради. Запрена е градбата, кажано му е на сопственикот да се отстрани и доколку, уште еднаш ќе повторам, не го отстрани во законскиот рок ние присилно тоа ќе го направиме. Ова важи за сите граѓани на општина Прилеп, дали тоа е вработен во општинава, дали тоа е мој пријател, роднина, другар, законот ќе важи подеднакво за сите. Ова го тврдам, додека сум јас на ова место, додека јас одлучувам, за сите изградени нелегални објекти законот треба да биде еднаков за сите. И сакам оваа дилема да се отстрани со ова денешно мое излагање, затоа што ова што го кажувам го тврдам, сигурно е така, укажувањето понатаму на некои личности, на опозицијата или на било кој, ако продолжи со вакви клевети, инсинуации и лажни обвинувања, тогаш ќе морам правдата да ја барам преку соодветните институции.

Сопственикот сакал да го менува покривот на терасата. За да го смени покривот требало да побара одобрение. Не побарал одобрение и на укажување на граѓани и на вас новинарите излезе градежниот инспектор, ја стопира градбата и дадено му е соодветен важечки законски рок да ја отстрани онаа градба што ја започна. Ако не ја отстрани, ние ќе бидеме приморани да ја отстрани присилно, како што е предвидено законски. Тука нема дилема, да расчистиме, тоа ќе важи за било кој и за било каде.

Јас ја видов документацијата, тоа е легализиран деловен објект, приземје, прв и втор кат, легализиран од приватна компанија. Во легализацијата тој објект е легализиран како деловен објект и тука се завршува. Овие се чисти измислици, ниту хотел, ниту јас лично сум вмешан. Го кажувам ова, не сакам ни да помислам, ниту ми треба, ниту има потреба од вмешаност ниту Општината, ниту градоначалникот на општина Прилеп, ниту јас лично како Илија Јованоски во ова. Јас не знам зошто толкави инсинуации и непотребни клевети и лажни вести. Ова го тврдам и секогаш ќе го тврдам затоа што е така.

Во роднинска врска сум со луѓето што градат. Но без разлика што сум во роднинска врска, тоа ќе биде срушено таму ако сам не го сруши. Законот важи и за него и за било кој друг. Јас кога разбрав дека бесправно почнало да се препокрива, јас го испратив инспекторот градежен кој ја стопира градбата. Градбата е стопирана и завчера им е нареден во законски рок да ја отстрани. Ако тоа не го направи, без разлика дали е во роднинска врска, не е во роднинска врска, обичен граѓанин, пријател, другар, тоа ќе мора да се сруши ако не го сруши сам. И тоа ќе важи сега, за сите и секогаш“, истакна градоначалникот Јованоски.

Видео: “www.infokompas.com.mk”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.