Во рамките од третото коло во Сериа А, Болоња тимот кој го предводи Синиша Михајловиќ, гостуваше кај Бреша и забележа победа од 3:4.
Триумфот беше уште позначаен ако се има во предвид дека Болоња губеше со 3:1 и успеа да го заврти натпреварот за втора победа сезонава во италијанското калчо.
Михајловиќ и на овој натпревар не беше на теренот со своите фудбалери, а натпреварот го следеше од болничката соба. Но, фудбалерите му приредија вистинско изненадување кога после триумфот застанаа со автобусот пред болницата и го скандираа неговото име.
Србинот потоа се појавил на прозороцет и ги поздравил своите херои.
Ова се моменти кои докажуваат дека фудбалот е повеќе од игра.
Видеото од овој настан можете да го погледнете ТУКА